Командант Хоџа: Добив функција во Владата за да преживеам

Командант Хоџа: Добив функција во Владата за да преживеам
Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене - напиша на својот Фејсбук профил Џезаир Шакири или познат како командант Хоџа.

Шакири се огласи по бурните реакции во јавноста дека е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

Откако информацијата беше пласирана во меидумите, тој излезе со првична реакција дека изборот да биде советник во владата, следувала по политички договор меѓу него и Заев.

- Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува - напиша командат Хоџа.

Споделување со вашите пријатели: