Крипто игрите наспроти традиционалните игри: Најважните разлики 


Криптовалутите донесоа промени во многу полиња од нашите животи, но една од најнеочекуваните се случи во областа на онлајн коцкањето. Имено, со растот на популарноста на Биткоин и останатите криптовалути, се појавија и таканаречените крипто игри.

Овие наслови не се многу различни од традиционалните игри кои сме навикнати да ги најдеме во онлајн казината. Сепак, постојат нешта кои ги прават уникатни. Ако пребарате поим како online kazino makedonija на популарните пребарувачи ќе се појават многу резултати. Некои од нив ќе ги објаснат разликите меѓу овие игри. Сепак, ние се решивме да ви заштедиме време и да ги претставиме тие разлики на едно место. Да започнеме.

Технологија и платформа

Ова е најголемата разлика помеѓу стандардните и крипто казино игрите. Крипто игрите се изградени со помош на блокчејн технологија и се базираат на смарт договори за да обезбедат транспарентност и фер резултати. Децентрализираната природа на блокчејнот ги зголемува безбедноста на играчите и го намалува ризикот од манипулации и местенки.

Од друга страна, традиционалните игри во онлајн казината користат централизирани системи. Најчесто софтвер провајдерите ги поставуваат игрите на безбедни сервери. Нивната инфраструктурна технологија не е лесно да се компромитира, но сепак основите се многу поразлични од децентрализираната природа на блокчејнот.

Начини на плаќање

Како што можеби некои од вас веќе претпоставија, крипто казино игрите прифаќаат трансакции кои вклучуваат само криптовалути. Тоа значи дека доколку сакате да играте некој од овие наслови ќе треба да се обложувате со помош на Биткоин, Етереум, Лајткоин и слично. Се разбира, ова зависи од самото онлајн казино и што тоа прифаќа како начин на плаќање.

Традиционалните казино игри пак обично бараат од играчите да користат обични начини на плаќање. Со други зборови, тие прво треба да уплатат средства на нивните кориснички налози со помош на кредитни или дебитни картички, банкарски трансакции или електронски паричници, па потоа да користат регуларни валути како денари, долари, евра или слично за да се обложуваат.

Анонимност

Не може да зборуваме за било што поврзано со криптовалутите без да ја споменеме анонимноста. Тоа е нивна одлика која влијаеше на популарноста. Кога играчите играат крипто казино игри, тие може да очекуваат повисоко ниво на анонимност. Тоа доаѓа од таму што не мора да споделуваат лични податоци додека играат. Трансакциите со криптовалути се целосно анонимни.

Традиционалните казино игри кои се нудат во онлајн казина кои го следат конвенционалниот пристап вообичаено го намалуваат нивото на анонимност. Самиот процес на регистрација, а потоа и процесот на уплата и исплата бара од играчите да споделат многу информации како нивното целосно име, адреса на живеење, копии од лични документи, банкарски изводи итн.

Докажливо фер играње

Доколку овој поим ви звучи необично, тоа е затоа што беше смислен не така одамна токму како резултат на подемот на крипто игрите. Овие казино наслови го прифаќаат концептот на докажливо фер играње. На овој начин, играчите самите, независно од експертските тела и организации, можат да ја потврдат правичноста на исходот од секоја рунда. Тие тоа можат да го остварат преку анализирањето на блокчејнот и алгоритмите поврзани со смарт договорите.

Се разбира, тука не сакаме да кажеме дека традиционалните игри се нефер и склони кон местенки. Фер плејот е во самата основа и на овие игри. Сепак, механизмите поврзани со докажување на правичноста не е се толку транспарентни и директни. Играчите не можат сами да го потврдат тоа и мора да се ослонат на извештаите од специјализираните тела и организации.

Регулирање

Уште еднаш би сакале да истакнеме дека крипто игрите и казината се децентрализирани и вообичаено помалку регулирани од властите. Сепак, во последно време има промени кои наведуваат на тоа да претпоставиме дека регулацијата ќе се зголеми во иднина.

Кога станува збор за традиционалните казино игри, тие се предмет на строга регулација и лиценцирање во многу земји. Ова овозможува поголема заштита на играчите и почитување на стандардите во оваа брзорастечка индустрија.

Глобална достапност

Доколку имате искуство како онлајн казино играч од Македонија, тогаш знаете дека нашите играчи често се соочуваат со најразновидни рестрикции на овие сајтови. Крипто казино игрите се достапни на сите корисници кои имаат стабилна интернет врска без разлика на нивната географска локација. Со тоа, овие наслови стануваат достапни на глобално ниво.

Секако, традиционалните казино игри се ограничени според физичката локација на играчите. Традиционалните казина каде може да играте само вакви игри привлекуваат корисници само од одредени земји или региони, свесно ограничувајќи го пристапот на одредени играчи.

Безбедност

Не можеме да кажеме дека едните наслови се посигурни и побезбедни за играње од другите, но постои разлика во самиот пристап кон ова прашање. Поточно, крипто казино игрите се потпираат на технологијата за енкрипција како и на децентрализираната природа на блокчејн технологијата за да овозможат подобрена заштита на играчите. Дополнително, користењето на т.н. паметни договори уште повеќе го засилува интегритетот на трансакциите.

Како што очекувавте, и производителите на традиционални игри во казината мислат на безбедноста додека ги дизајнираат насловите. Овие игри користат безбедни онлајн транскациони протоколи како и мерки за физичка безбедност на серверите. Со ова, тие ги штитат информациите поврзани со играчите како и финансиските трансакции.

Постојат уште некои разлики помеѓу крипто и традиционалните игри. На пример, тука и волатилноста и непостојаноста на валутите. Факт е дека традиционалните валути се постабилни од криптовалутите.

Дополнително го имаме и прашањето на лиценцирање и доверба. Да, крипто казино игрите се подостапни, но довербата во традиционалните игри е се уште поголема. Ова има смисла затоа што конвенционалните игри се направени од софтвер провајдери со реноме додека крипто игрите вообичаено се производ на самите казина кои ги нудат.